Кумановец превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан

Сподели со своите пријатели

Полицијата пронајде четири мигранти на автопатот „Пријателство“, а лишен од слобода е кумановец што ги превезувал.

– На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца возачи останаа без возила во Куманово, едниот возел без дозвола, вториот со забрана

– Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски