Кумановец претепан во Черкезе

Сподели со своите пријатели

На 16.02.2017 година во 02.40 часот во ПС Куманово, Н.А. (30) од Куманово пријавил дека околу 02.15 часот со негово патничко моторно возило  „Рено Твинго“ отишол на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Куманово – ГП „Табановце“.

Loading...

По кратко време дошол С.Ш. од село Грушино, скопско, со патничко моторно возило  „Опел Тигра“ со скопски регистарски ознаки и му рекол на Н.А. да влезе во возилото. Откако влегле во возилото се упатиле кон срло Черкези. Таму застанале во непосредна близина на плац за продажба на возила и С.Ш. со тупаница го удрил Н.А. во пределот на лицето, а потоа извадил пиштол, му се заканил дека ќе го убие и го удрил со рачката од пиштолот во пределот на главата, со што му нанел видливи повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.