Четириесет и тригодишен кумановец вчера бил физички нападнат во центарот на градот, а притоа било оштетено и неговото возило.
Loading...
– На 06.04.2022 година во 13.12 часот во СВР Куманово Г.Љ. (43) од Куманово пријавил дека на улицата „Гоце Делчев“ Куманово бил физички нападнат од Д.С. (41) од Куманово, кој исто така му го оштетил и возилото, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски