Кумановец преку апликација се заканувал на невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека преку мобилна апликација се заканувал на невенчаната сопруга и нејзината мајка.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што стои во соопштението, преку пораки на мобилна апликација упатувал закани кон неговата невенчана сопруга и нејзината мајка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја голем дел од Куманово