Кумановец повреден, скопјанец загина, откако во нив удрил камион и избегал

Сподели со своите пријатели

Триесетгидишно лице од скопско загина, а кумановец и уште еден лице од скопско се повредени, откако во нив удрило товарно возило и избегало.

Loading...

– На 07.03.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, во насока од Куманово кон Тетово, во близина на клучка Стенковец, товарно возило удрило во Б.Џ.(31) од селото Романовце, кумановско, Ш.Е.(34) и Р.Е.(30), двајцата од село Танушевци, скопско, кои биле до паркирано товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, по што го напуштило местото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „БМВ“ се запалило во движење на булеварот „Октомвриска револуција“

На местото на несреќата починал Р.Е., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобиле Б.Џ. и Ш.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски