Во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Ургентен центар Куманово однеле едно лице кое се повредило при работа во фабрика во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.Н.(34) од Куманово.
По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле екипа од СВР Куманово и Инспектор за безбедност и здравје при работа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.