Кумановец повреден извршувајќи работни задачи во Скопје

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил повреден при извршување на работни задачи во населбата Илинден во Скопје.

Loading...

– На 11.11.2020 во 11.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е донесен повреден Д.Т.(36) од Куманово, кој, според пријавеното, се повредил при извршување на работни задачи во фирма во населба Илинден, по што од доктор е констатирана тешка телесна повреда, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.

За настанот е известен трудов инспектор.

Никола Ивановски

Leave a Reply