СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од село Агино Село, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем” и „загрозување на сигурноста“.
Loading...
Пријавениот, како што информираат од полицијата, на негов профил на социјалната мрежа „Facebook” објавил текст со заканувачка содржина, со кој повикувал на насилство кон пратеници.