Егзон Алили, центар и напаѓач од Куманово, кој инаку живее во Рид, Германија потпиша професионален договор со фудбалскиот клуб Реал Мадрид.
Loading...
Албанскиот фудбалер од Куманово кој има само 16 години пред себе има златна иднина во редовите на овој реномиран светски клуб.
Веста за неговото потпишување ја објавија сите портали на албански јазик, а приказната ја потврди и неговиот роднина, Бурхан Алији, кој моментално игра за ФК Еуромилк, а играл за Вардар, Милано, Тетекс и Шкендија.
Вистина е дека Егзон потпиша седумгодишен договор со Реал Мадрид. Во четврток ќе биде спремен да тргне во Мадрид, задено со останатите преземања, ќе биде пресентиран на јавноста како нов играч на Реал Мадрид – вели Бурхан.
Loading...
Претходно челниците на Барселона покажале интерес за Егзон за да го преземат од СВ Рид, а според тамошните медиуми, Барселона понудила високи 4 милиони евра за кумановскио фудбалер кој сега ќе настапува за Реал Мадрид.