Педесетгодишна кумановка вчера пријавила сомнеж дека нејзиниот десет години постар брат, кој починал во декември, бил отруен,
– На 05.03.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, Д.Е.(50) од с,Довезенце, кумановско, пријавила дека една од нејзините сестри на 31.12.2025 околу 22:00 часот ја известила дека починал нивниот брат М.П.(60) во домот во село Довезенце, во кој живеел со неговиот татко и партнерката А.Р од с.Младо Нагоричане, општина Старо нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.
После тоа, тие со уште една нивна сестра и зет отишле во домот во селото и го затекнале починат на кревет нивниот брат.
Според пријавеното, на 31.12.2025 околу 20:30 часот од телефонот на брат ѝ била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт, а во болница ја однеле А.Р. затоа што ѝ се слошило.
Како што е пријавено, од Итна медицинска помош во СВР Куманово не било пријавено починато лице, а потврда за смрт не им била издадена на 31.12.2025 кога е констатирана смртта, туку наредниот ден 01.01.2026 на нејзино инсистирање.
Исто така, Д.Е. пријавила дека се сомнева дека нејзиниот брат не починал од природна смрт, туку дека бил отруен.
Од СВР Куманово вела дека се работи на расчистување на случајот.
Никола Ивановски

