Кумановец паднал од четирицикл. Пренесен на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишник од кумановското село Клечовце викендов паднал од четирицикл, по што со повреди завршил на скопските клиники.

Loading...

– На 07.06.2025 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во с.Клечовце, општина Старо Нагоричане,  С.Г.(44) од с.Клечовце, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по несреќата тој бил пренесен во болницата во Куманово и по укажаната помош бил препратен во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Денеска дожд, остатокот од неделата сончево и топло

Никола Ивановски