Триесетгодишен маж од селото Ранковце доби кривична пријава под сомнение дека украл огревни дрва, сопственост на кумановец.
– На 28.09.2023 во 12.00 часот во Полициското одделение Ранковце бил извршен службен разговор со С.Л.(30) од селото Ранковце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во периодот од 24 до 26.09.2023 на место викано „Бела бука“ помеѓу село Герман и село Нерав одзел седум кубни метри огревно дрво, сопственост на М.Д. од Куманово.
– По преземени мерки, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка и Полициското одделение Ранковце дрвата биле пронајдени на две локации во селата Отошница и Радибуш и биле вратени на сопственикот, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот против С.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски