Кумановец останал без 18.000 евра при измама за купување градежни машини

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од околу 18.000 евра при обид да купи градежни машини.

– На 13.10.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје, 35-годишен маж од Куманово пријави дека бил измамен од две лица за сума од 1.110.000 денари. Според пријавеното, лицата го контактирале  на мобилни апликации, претставувајќи се како сопственици на градежни машини, за кои  пријавителот бил заинтересиран да ги купи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што е пријавено, откако се договориле, тој по насоки од едното лице ги предал парите на другото лице на каса прими на приватен субјект, а откако го контактирал лицето за да ги подигне машините тој му рекол дека работи сам и дека парите требало да ги уплати на негова сметка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово приведен додека крадел од угостителски објект

Исто така, според пријавеното, истите машини ги видел пуштени на оглас за продажба, по што сфатил дека бил измамен.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Никола Ивановски