Кумановец остана без 43.750 евра, бил измамен со криптовалути

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец бил измамен за сума од 43,750 евра за која се обидел да купи криптовалути.

– На 26.02.2026 во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да  ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.

– Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, појаснуваат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник од Куманово нападнат од врсници со остар предмет

Лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што кумановецот сфатил дека бил измамен.

– Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, стои во соопштението.

Никола Ивановски