Кумановец осомничен дека обљубил немоќно лице пред нејзината ќерка

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 12.05.2016 година, околу 20.30 часот во Куманово, во патничко возило „Пежо“, пријавениот извршил полови дејствија врз М.С. (23), додека била во возилото заедно со нејзината тригодишна ќерка.