СВР Куманово, поднесе кривична пријава против В.Н. за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот откако со неговиот пренослив компјутерски систем-таблет набавил шифри на интернет, неовластено навлегол во компјутерскиот систем, односно хакирал две e-mail адреси на правно лице од Куманово и притоа го оштетил В.Н.- управител на фирмата. Оневозможуваќи му на управителот пристап до податоците – меѓусебна комуникација со други фирми соработнички, за возила кои добиваат налози за движење и рутирање од e-mail адресите, со што возниот парк на оштетениот бил доведен до застој.