Кумановец оштетил возило па нападнал сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека по вербална расправија оштетил возило па нападнал сограѓанин.

Loading...

– Денеска (24.02.2023) во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.В.(34) од Куманово, затоа што претходниот ден околу 20.50 часот на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово, по вербална расправија,  го оштетил возилото на Д.В.(47) од село Умин Дол, кумановско, по што го нападнал со тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот, против С.В ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи