Кумановец оштетил споменици на градските гробишта

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека оштетил споменици на градските гробишта.

– На 20.11.2025 година во 12.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б. (42) од Куманово. Тој се сомничи дека оштетил споменици на градски гробишта во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџер од Куманово се заканувал на врсник, па бил агресивен кон мајка си