Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен утринава откако во казино оштетил неколку апарати.
Loading...
– На 11.03.2024 во 05.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(28) од Куманово затоа што во казино во Куманово оштетил неколку апарати, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Н.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски