Кумановец организирал веселба и пукал, заработи кривична

Loading...
Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец е приведен и заработи кривична пријава под сомнение дека организирал веселба и пукал од оружје.

– На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури.

– Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply