Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен под сомнение дека ограбил паричник на државјанин на Република Албанија.
Loading...
– На 03.08.2023 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово. Тој се сомничи дека на 02.08.2023, на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје, одзел паричник од Ч.И. од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, А.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски