СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Д.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Како што информираат од полицијата, во текот на октомври и ноември 2018 година во атарот на село Канарево, општина Старо Нагоричане, на парцела од 1.416 метри квадратни, сопственост на Република Македонија, пријавениот самоволно извршил обработка на земјиштето.

