Триесетгодишник вчера попладне бил физички нападнат во угостителски објект во локалитетот Гарнизон во Куманово.
– На 08.12.2025 во 15:30 часот во СВР Куманово, А.Е.(30) од Куманово пријавил дека во угостителски објект во локалитет „Гарнизон“ во Куманово со тврд предмет бил нападнат од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

