Триесет и деветгодишник од Куманово бил физички нападнат од две лица во домот на неговата поранешна сопруга, а добил и закани со остар предмет.
– На 10.10.2025 во 21:00 часот во СВР Куманово, 39-годишник од Куманово пријави дека околу 19:00 часот во домот на неговата поранешна сопруга бил физички нападнат од С.И. и Д.И., кои му упатиле закани со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски