Кумановец натепан поради недоразбирање во сообраќајот

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил физички нападнат во близина на бензинска пумпа, поради недоразбирање во сообраќајот.

– На 09.04.2026 во 19:43 часот во СВР Куманово, Б.Е.(36) од село Романовце, кумановско, пријавил дека во близина на бензинска пумпа на влез во Куманово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Г.И.(47) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против Г.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  61-годишен кумановец возел со 2,35 промили алкохол, полицијата го привела