Кумановец бил физички нападнат, а неговото возило оштетено, од страна на две лица, по недоразбирање кое настанало во сообраќајот.
Loading...
– На 07.08.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(26) од село Табановце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека со уште едно лице на улица „Народна Револуција“ во Куманово, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале Н.Ј.(26) од Куманово и го оштетиле неговото возилото.
– И.М. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.
Никола Ивановски