Кумановец натепан на Бит Пазар, му се заканувале и со оружје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово пријавил дека бил нападнат на Бит Пазар, каде добил и закани со огнено оружје.

– На 29.01.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(28) од Куманово пријави дека околу 14:00 часот пред продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, едно лице физички го нападнало, а двајца му се заканиле со огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски