Кумановец натепан и ограбен во центарот на градот

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен во центарот на градот.

– На 16.12.2025 година во 18.00 часот во СВР Куманово Н.М. (56) од Куманово пријавил дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице и му биле одземени пари и мобилен телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дамјан Блажевски од КБК „Куманово“ освои бронза на турнир во Ниш (ВИДЕО)