Кумановец натепал сограѓанин и му се заканувал со нож

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен кумановец пријавил дека бил физички нападнат од едно лице кое му заканило и со остар предмет.

– На 05.02.2026 во 23:45 часот во СВР Куманово, В.Н.(45) од Куманово пријавил дека на улица „Тоде Думба“ во Куманово бил физички нападнат од С.Е.(38), кој му се заканувал и со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  665 интервенции имале лани пожарникарите во Куманово (ВИДЕО)