Триесет и осумгодишник од Скопје пријавил дека бил физички нападнат од неговиот, една година помлад, колега од Куманово.
– На 28.10.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје, Б.С.(38) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, додека извршувал градежни работи на објект во изградба, бил физички нападнат од друг работник М.Р.(39) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

