Дваесетгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички нападнал испитувач во во сообраќајниот испитен центар.
Loading...
– На 20.11.2024 во 12.30часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Б.(20) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12.00 часот физички го нападнал Т.В.(60) од Куманово додека бил на работното место како испитувач во сообраќајниот испитен центар во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски