Вчера во 19,00 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово А.Б.(21) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 17,20 часот додека со неговото возило се движел на улицата “120“ пред него се движело друго возило и одеднаш застанало.
Како што информираат од СВР Куманово, од возилото излегло едно лице со метална цевка и физички го нападнало. Се работи на целосно расчистување на случајот.