Кумановец нападнал сограѓанин на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец вчера физички нападнал повозрасен сограѓанин на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

– На 01.11.2023 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Д. (38) од село Биљановце, кумановско, затоа што на Плоштадот „Маршал Тито“ физички го нападнал М.С.(61) од село Речица, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

А.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новосељане – село населено уште од римско време