Триесет и четиригодишен кумановец вчера физички нападнал полициска службеничка, по што избегал.
Loading...
– На 04.07.2020 околу 03.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „Доне Божинов“ и бул. „Октомвриска Револуција“ во Куманово, Д.Т.(34) од Куманово одбил да послуша наредба на полициска службеничка која извршувала редовни работни задачи во врска со претходно случена сообраќајна незгода и физички ја нападнал по што го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски