Кумановец нападнал полицаец, па бил приведен

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен откако викендов физички нападнал полициски службеник.

Loading...

– На 22.06.2024 во 21.40 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од полицијата, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претрес во Куманово, пронајдена дрога