Триесетгодишен кумановец првин нападнал обезбедување на угостителски објект, а откако бил приведен оштетил мебел во полиција и нападнал полицаец.
Loading...
– На 22.10.2023 во 21.20 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(30) од Куманово, поради тоа што во угостителски објект физички нападнал вработен од обезбедување, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Потоа во полициска станица тој агресивно се однесувал, оштетил мебел и нападнал полициски службеник.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Никола Ивановски