Празниците се период кога голем број парови го кажуваат судбоносното „да“ и својата долгогодишна љубов ја крунисуваат со свршувачка.
Loading...
Една во низата вакви приказни е на младиот пар од Куманово Стефан и Анкица кои се свршија на Калемегдан во Белград, место кое го сметаат за многу посебно за нивната врска.
Loading...
Да биде моментот поуникатен, прстенот пристигнува со дрон од воздух додека младиот пар седи на клупа во паркот на Калемегдан.
Како што пишува во описот на видеото, Анкица била многу изненадена, бидејќи мислела дека дронот што летал само го снимал Калемегдан, а не дека го носи прстенот кој нејзината врска со Стефан ќе ја овековечи.