Кумановец кршел прозорци и бил агресивен кон својата партнерка

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил приведен откако бил агресивен кон неговата партнерка и кршел прозорци во нејзиниот стан.

Loading...

– На 30.09.2024 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(40) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон неговата 49 – годишна партнерка и со тврд  предмет ги оштетил прозорците во нејзиниот стан, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Б.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом