Кумановец крадел од јавно претпријатие, па нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец се обидел да украде предмети од јавно претпријатие во Куманово, а при приведувањето нападнал полицаец.

Loading...

– На 16.08.2023 во 03.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(30) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат во круг на јавно претпријатие на улицата „Фетка Наскова“ во Куманово при обид да одземе предмети, а при приведувањето физички нападнал полициски службеник.

Д.Р бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигранти од Сирија и Кувајт пронајдени во кумановско

Никола Ивановски