Еден од најуспешните велосипедисти и спортисти на град Куманово, Зоран Ристовски вчера замина во Варезе, Италија каде што ке настапува на Светско првенство во друмски велосипедизам.
Ристовски годинава веќе настапи на две вакви големи манифестации од која една беше Европско првенство во планински велосипедизам каде го освои 9то место.
Како личен тренер на Зоран очекувам врвен пласман во првите 10 позиции, Ристовски покажа извонредни резултати на тренинзите и претходните трки така што очекуваме и во Италија да го држат „добри нозе“, изјави спортскиот директор на Вело-М Термалифт Марјан Петровски.
Loading...
Во Варезе Ристовски ке се соочи со 420 други велосипедисти од целиот свет а силите ке ги одмерат на стаза долга 130 километри, трката ке се вози во недела, на 2. септември.
На претходното Европско Првенство во 2014 година, се избори за 6то место и доби класификација од АМС „Спортист од светска класа”.