Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.З.(38) од Куманово поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба”.
Како што информираат од полицијата, на 22 август околу 18,15 часот во Куманово на улица „Игор Тричковиќ“, во куќа на Ј.К.(57) , додека истата била во подрумот, влегол пријавениот со образложение дека бара негов пријател, ја турнал оштетената и и одземал парични средства.