Жител на Куманово доби кривична пријава под сомнение дека изложил и продавал фалсификувана брендирана текстилна стока и модни производи.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л. и правен субјект од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Првопријавениот, како што велат од МВР, со намера за себе и за второпријавеното правно лице да прибави противправна имотна корист, неовластено изложил, понудил за продажба и пуштил во промет фалсификувана текстилна стока и модни производи со поставени обележја како на оригинален продукт, кои се предмет на заштита, притоа повредувајќи ги туѓите заштитени трговски марки, туѓи заштитени индустриски дизајни, туѓи заштитени ознаки на потеклото на производот и географска ознака на трговски марки.
Никола Ивановски