Педесетгодишен кумановец заработи две кривични пријави поради сомнение дека лажни документи употребил во повеќе институции во државата при обид да го регистрира увезеното возило.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.Т.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот, откако во 2016 година купил патничко возило „мерцедес“, со национална ознака на Р.Австрија од лице од с.Лојане, општина Липково, кое извршило увоз без завршени царински и регистерски законски процедури во државата, па изготвил фалсификуван купопродажен договор во кој внел лажни податоци, меѓу кои дека возилото го купил од од Р.Австрија, со лажен датум на купопродажба.
– Ваквиот купопродажен договор го употребил во правниот сообраќај во неколку наврати и тоа пред Царинска управа, Министерство за економија – Биро за метрологија, Техничка служба – Центар за хомологација и Отсек за управни работи при МВР, од каде му биле издадени царинска декларација, потврда за исполнетост на статус, согласност за регистрација, регистарски таблички и сообраќајна дозовола, велат од МВР.
Никола Ивановски