СВР Куманово поднесена кривична пријава против Н.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот на 19.01.2017 година околу 14.30 часот на Н.Ц. од Куманово, на работно место обезбедувач на реон во Служба за патролно обезбедување во Друштво за обезбедување на лица и имот, во Заложна куќа лоцирана на ул. „Октомвриска Револуција“, му ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе ќе го чека на улица и дека ќе го убие, додека пријавителот бил на своето работно место.
Ова следело по претходна расправија на пријавениот со вработената во Заложната куќа, каде пријавениот се однесувал агресивно откако бил одбиен неговиот залог, а вработената го притиснала паник тастерот и дошол Н.Ц. го извлекол надвор пријавениот.