Триесет и едногодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека продавал фалсификувана брендирана облека.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ј.(31) од Куманово и правно лице од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, на 08.02.2025 во Куманово, при извршена контрола во правниот субјект било констатирано дека се врши продажба на над 213 видови текстилна роба со фалсификувани ознаки на трговски марки со заштитен знак, а кои првопријавениот ги набавил од друга земја без соодветна документација.
Никола Ивановски