Триесет и четиригодишен кумановец дивеел утринава при што ја претепал баба си, му се заканувал на соседот и ги нападнал полицајците што го привеле.
Loading...
– На 14.09.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.К. (34) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата баба, со остар предмет се заканил на сосед и при приведувањето физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Н.К. бил приведен во полициска и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски