Кумановец ја нападнал својата мајка, а потоа и полицаец

Loading...
Сподели со своите пријатели

Триесет и тригодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека ја нападнал својата мајка, а при интервенцијата нападнал и полицаец.

– На 17.06.2025 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.И.(33) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а потоа нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  48-годишен кумановец ја нападнал својата сопруга