Педесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека ја нападнал неговата мајка.
– На 06.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(53) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 77-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

