Кумановец ја нападнал својата 74-годишна мајка

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен кумановец бил приведен под сомнение дека во домот физички ја нападнал својата 74-годишна мајка.

Loading...

– На 05.08.2023 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Н.(52) од кумановско село затоа што во домот физички ја нападнал неговата 74-годишна мајка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Табановце спречен шверц на илјадници монети со археолошка вредност