Кумановец претставувајќи се лажно како туристички агент, измамил лице за сума од околу 6.000 евра за летување во Турција.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, како што појаснуваат од МВР, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Р.Турција, во износ од 373 890 денари.
Никола Ивановски

